Темен режим Режим на светлина

Архиепископот Стефан и патријархот Порфириј утре на заедничка литургија, ќе се слушне ли најавата за автокефалност на МПЦ-ОА?

Покана до верниците на присуствуваат на заедничка литургија што утре ќе је одржат македонскиот архиепоскоп г. г. Стефан и српскиот патријарх Порфириј, упати денеска МПЦ-ОА.

-Со радост му соопштуваме на верниот народ дека од 23 до 24 мај 2022 година, во посета на Македонската православна црква – Охридска архиепископија ќе престојува делегација  на Српската православна црква предводена од Неговата светост, српскиот патријарх г. г. Порфириј. На 24 мај, со почеток од 9 часот, во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ во Скопје, Неговата светост српскиот патријарх г. г. Порфириј и Неговото блаженство архиепископ охридски и македонски г. г. Стефан, заедно со архијереи од двете сестрински Цркви, ќе служат Божествена литургија. Го повикуваме верниот народ на Македонската православна црква – Охридска архиепископија да земе молитвено учество, се наведува во соопштението на МПЦ-ОА.

До заедничката литургија доаѓа откако во четврток највисоките достоинственици на двете цркви одржаа „Литургија на помирување“ во Соборниот храм „Свети Сава“ во Белград со што се воспостави канонско единство по спорот кој траеше 55 години. Јавноста во Македонија сега очекува српскиот патријарх во Скопје да објави дека СПЦ се согласува МПЦ-ОА да стане автокефална црква и таков предлог да биде упатен до Вселенската патријаршија. Македонскиот владика Тимотеј неодамна најави дека таквиот предлог се очекува да биде испратен до крајот на месецов. Претходно, на 9 мај Вселенската патријаршија во канонско единство ја прими МПЦ под името Охридска архиепископија и ја упати да ги реши „управните прашања“ со СПЦ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Коњот од терасата во Дебар Маало згрижен во скопската ЗОО

Следна објава

Какви таленти најчесто влегуваат во кабинетите на Пендаровски и Ковачевски?