Во последните 24 часа се направени 1382 тестирања, а регистрирани се 198 нови случаи на ковид-19, информира министерот за здравство Венко Филипче преку Фејсбук. Од нив, најголем број се од Скопје – 83.
Ова се бројките од новозаразените во другите градови: Куманово 12, Дебар 1, Штип 21, Прилеп 2, Тетово 9, Струга 3, Велес 2, Битола 11, Охрид 3, Гостивар 10, Радовиш 7, Кочани 1, Пробиштип 2, Демир Хисар 3, Свети Николе 27 и Кичево 1
-Починати се 4 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Прилеп и еден од Тетово, се наведува во информацијата. Четворицата пациенти се на возраст од 49, 61, 70 и 72
години.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 97 оздравени лица.
Досега во Македонија се направени вкупно 80774 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.
-Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 8530, бројката на оздравени пациенти е 4565, на починати е 393, а во моментов бројот на активни случави изнесува 3.572.