Во голем број на земји од третиот свет, односно Африка, Латинска Америка, и Азија расте незадоволството поради мешањето на Западот во нивните држави. Доказ за тоа е и едно видео кое деновиве стана вирално на социјалните мрежи, а на кое се гледа средбата на Германскиот амбасадор во Намибија и претседателот Хаге Геингоб.
Видеото беше споделено и од лидерот на „Левица“ Димитар Апасиев по кој има и коментар кој ви го пренесуваме во целост:
– Вазалството и лижењето чизма остана одлика на политичарите на Балканот! Дури и поранешните колонијални земји од Африка имаат поголемо достоинство од нашето. p.s. Стани Стево Вошко да те види сала и да видиш како еден државник шамара странски амбасадор кој се обидува дома да му попува кој-што да прави, напиша Апасиев.
Имено во видеото германскиот амбасадор во Намибија му се пожалува на претседателот Хаге Геингоб на доминацијата на Кинезите во таа земја. И дека ги има 4 пати повеќе од германската дијаспора. На тоа претседателот Геингоб иронично го прашува во што е проблемот и му нагласува дека нема потреба да берат гајле, и дека знаат како да се справат со проблемите во земјата.