Европската ракометна федерација денес и официјално ја потврди најавата дека Македонија ќе игра со Франција на отворањето на Европското првенство на фудбалски стадион. Македонија натпреварот против Франција на ЕП 2024 ќе го игра на „Меркур Шпил Арената“, стадионот на фудбалскиот клуб Фортуна Дизелдроф кој има капацитет од 50.000 гледачи.
Целта на организаторите со играњето на фудбалскиот стадион е да постават нов ракометен рекорд по посетеност и најавите се дека стадионот ќе биде исполнет.
За разлика од претходната најава според која Македонија требаше да игра во вечерен термин, сега е сменето и Македонија со Франција ќе игра од 18:00 часот на 10-ти јануари.