Три лица повредени во сообраќајна несреќа меѓу „мерцедес“ и „шкода“ на патот Скопје – Велес. Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
– Вчера, на регионалниот пат Скопје – Велес, во атарот на местото наречено Ергеле, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од Д. Д. (61) од Скопје, и патничко возило „шкода“, управувано од И. Д. (34) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки. Во несреќата тешки телесни повреди добиле возачот Д. Д. и сопатникот од возилото „шкода“, С. Д. (35) од Скопје, а возачот И. Д. добил телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“ и во Градската општа болница „8 Септември“, информираат од МВР
Извршен бил увид од екипа на СВР Скопје.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:



