Ригорозни мерки против пуштењето кои ќе се преземат во текoт на следната година, најави денеска министерот за здравство Фатмир Меџити. При посетата на Тетово, тој одговори на новинарско прашање какви мерки ќе се преземат поради големото загадувањена воздухот и сè поголем број на респираторни заболувања.
-Денес зборувавме со службите во Министерството на колегиум кој го имаме секој понеделник. Ќе има ригорозни мерки за пушењето во идната 2024 година и потпишан протокол со Светска здравствена организација. Нека си ја мислат пушачите како понатаму, рече Меџити.
Но, тој не откри за какви ригорозни мерки станува збор. Во Македонија и сега се на сила повеќе мерки против пушењето предвидени со Законот за заштита од пушењето, а коишто се применуваат во јавни институции, угостителски и други објекти. Но, впечаток во јавноста е дека законскит еодредби слабо се почитуваат, посебно во угостителските објекти. Од друга страна, инспекциските контроли не испеваат да воведат ред и изрекуваат мал број на казни.
Согласно член 3 од овој Закон, пушењето е дозволено исклучиво надвор од деловниот објект (тераса, летна бавча и слично).
Законот предвидува казна од 2.000 до 4.500 евра за правното лице, за одговорното лице од 500 до 1.000 евра, а со 100 до 300 евра се казнува и физичкото лице што ќе биде фатено како пуши во затворен објект.



