Темен режим Режим на светлина

Левица: Директор на затворот во Штип од СДС, Мики Тодоров, тепа студент

Директорот на затворот во Штип и функционер на СДС, Мики Тодоров физички напаѓа студенти. Активистот на Црвена Младина и студент Јован Јанев во вечерта помеѓу петокот и саботата во Штип бил дивјачки нападнат со физички удари – затоа што е политички активен во Левица и затоа што ако режимот на Груевски ја користеше полицијата да ги тепа студентите, овој режим директно удира со своите функционери, велат од Левица.

– Бараме Владата да го разреши директорот поради недозволено, недолично и противправно однесување. Бараме Ковачевски да го разреши овој клучен човек на СДС во Штип, кој покрај другото: во 2017 како советник во Штип и секретар во општинскиот одбор, физички го нападнал директорот на ЈКП Исар – дали ова се скалила за напредување во СДС, или е само непресметлива личност за која треба хоспитализиција? На функцијата директор е поставен без соодветно образование, но затоа во негово време поркај огромниот број бегства, помеѓу кои се издвојува бегството на озлогласениот затвореник Красниќи Мециновиќ.

Затворот во Штип е предмет на сериозни инциденти, тортура и трагедии, на починати за кои не се знаат околностите и причините – за целосна негрижа. Медиумите пишуваат за истраги против затворски полицајци кои примаат поткуп од затвореници. Во времето на Мики Тодоров триесет затвореници во штипскиот затвор штрајкуваа со глад заради тортура и испраќаа ултиматуми до директорот. Наводи велат дека правото на посета е селективно, на осудените од 27 април не им се дозволуваат посети, додека за други посетите се овозможени во текот на целата недела. Дали оваа состојба во затворот ја предизвикува насилната природа на директорот?

За неговата дерегулирана состојба, низ медиумите се појавуваат и вести како редовно се заканува со физичко насилство на социјалните мрежи, но за еден ваков мајстор на корумпираноста и насилството, секако дека и непотизмот не е непознат. Со неговото влијание ги вработува својата жена за раководител на сектор во УЈП Штип, а неговата сестра во основно училиште, се вели во партиското соопштение на Левица

Според Левица, СДСМ има една цел, тоа е да остане на власт, за како што рече да ги заштити своите криминалци и насилници и да продолжи да владее низ насилство и грабеж.

Против Мики Тодоров ќе биде поднесена приватна тужба и кривична пријава, најавуваат од партијата Левица.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Повисоки плати ќе добијат административците, а што од нив ќе добие народот кој сето тоа го плаќа?

Од 2025 година ќе има надомест за патни трошоци, а ќе нема вработувања преку Агенција за привремени вработувања

Следна објава

Глобалниот пазар на велосипеди ќе вреди 101 милијарда долари до 2030 година