Еден од повредените во пукањето кое се случи минатата недела пред Клиничкиот центар во Тетово им подлегна на повредите. Тој починал На Универзитетска клиника за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ).
Од КАРИЛ потврдија дека починал постариот од браќата А.М на 41 година. Во пукањето пред девет дена повреден беше и неговиот брат З.М.(36) кој, исто така, се наоѓа на лекување.
Употребата на огнено оружје и ранувањето на двајцата браќа од Гајре се случи на 11 јануари околу 18 часот пред Ургетниот центар на Клиничката болница.