Темно Режим Светло Режим

Трагедија во Турција при прослава на победа на опозицијата – се урна балконот, еден загина, 8 повредени

Прославите во провинцијата Тавас во Турција за победата на опозицискиот кандидат за градоначалник на Републиканската народна партија на изборите во неделата имаа трагичен крај кога се урна балкон на кој се наоѓаа осум партиски функционери, при што еден загина, а двајца беа тешко повредени.

Загина заменик-шефот на локалната организација ИХА, Мехмет Палаз.

Несреќата се случила за време на прославата за изборната победа на кандидатот на ИХА Кадир Татик.

Група негови приврзаници се качиле на балконот на зградата која неколку секунди подоцна се урнала при што три лица биле тешко повредени, а еден од нив Палаз починал во болницата каде што бил пренесен.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Вкупно 1.069 институции не доставиле податоци за службени возила согласно Изборниот закон

Следниот Пост

Работнички се раздели со Седлоски, Станиќ е новиот тренер