Наскоро за движење ќе биде оспособена патеката на кејот на реката Вардар околу новиот пешачки мост кај зградата на Македонскиот народен театар која што цели осум години не беше проодна за пешаците, соопшти денеска Градот Скопје. Причина за непроодноста беа градежните работи и натрупаниот градежен материјал поради изградбата на „Панорамското тркало“ од кој проект актуелната градска власт се откажа, а мостот беше пренаменет во пешачки.
–Од овој потег досега се подигнати 27 кубни метри градежен материјал. Чистењето ќе продолжи и во наредните денови. Активностите на Град Скопје за чистење на кејот на реката Вардар продолжуваат и оваа година. Се расчистуваат и уредуваат пешачките патеки, се чистат калдрмата, каменот и коритото на реката, соопшти Градот Скопје.