„Филхармонија на отворено“ утре вечер во дворот на Министерството за култура

„Филхармонија на отворено“ продолжува. Утре вечер, со почеток во 20 часот, во дворот на Министерството за култура ќе се одржи камерен концерт на кој ќе настапат музичари од оркестарот на Филхармонија.

Присутните љубители ќе ги слушнат звуците на Чејс, Премру, Дебиси, Убер, Сен-Санс, Ловленд и Шостакович, а ќе настапат трио тромбони Бранко Илиевски, Никола Ристевски и Александар Ниниќ, потоа Скопски брас квинтет Стефан Илиев – труба, Вилијама Баракоски – труба, Благоја Василевски -хорна, Никола Ристески – тромбон и Александар Ниниќ – тромбон, Александра Чуруковска – контрабас, Филип Петрески хармоника, Маријана Николовска на пијано, Ева Богоеска, виолина и Марија Трајковска – виолина.

Претходна вестИма ли Скопје водоводна мрежа за да живеат зелените градини на облакодерите кај „Холидеј ин“?
Следна вестДелото на вечните Миладиновци чие чествување изостана