По долга пауза денеска се организира детскиот фестивал „Поточиња“, овој пат на отворено. 18-тото по ред издание ќе почне во 11 часот а локацијата е Школка во Градски парк.
Единаесет нови песни ќе може да слушне публиката, најавувани традиционално од маскотата „Поки“.
Влезот за фестивалот е бесплатен, а организаторите информираат дека се организира согласно протоколите за заштита од Ковид-19. Од организацијата, Пап продукција информираат дека поради пандемијата на коронавирусот, ограничен е бројот на деца – учесници.