Темно Режим Светло Режим

Аудио-визуелно патување „Како што е“, онлајн, на 15 јануари

Со почеток во 20 часот, на 15 јануари, платформата „Терапија“, организира своевиден културен настан, насловен „Како што е“. Се работи за најновиот ликовен проект на уметникот Антони Мазневски, скопјанец дипломиран на Факултетот за ликовна уметност. А онлајн претставувањето ќе оди во комбинација на музичкиот избор на Илина Ангеловска.

-Целта на изложбата е да се презентира неговата понова, седумгодишна продукција пред јавноста. Да се предочат неговите истражувања и усовршувања во полето на ликовната естетика, филозофската мисла, занаетските квалификации. Да се упати или повика другиот на разговор, се вели во најавата.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Кој ќе ги среди дивите населби кај Керамидница од двете страни на Вардар?

Следниот Пост
Времето денес: Облачно со дожд и снег на повисоките места

Облачно со врнежи од дожд, температура до 7 степени