Бајден го нарече Путин луд

Американскиот претседател Џо Бајден го нарече рускиот претседател Владимир Путин „луд кучкин син“, наведувајчи дека заради него и нему сличните, секогаш треба да се грижи за можен нуклеарен конфликт, иако, како што рече,, климатските промени се егзистенцијална закана за човештвото. Вербалните напади на Бајден против Путин нагло се интензивираа, особено по смртта на опозицискиот лидер Алексеј Навални.

– Не знаеме што точно се случи, но нема сомнеж дека смртта на Навални е последица на нешто што го направија Путин и неговите насилници, рече Бајден во Белата куќа.

Кремљ негираше вмешаност во смртта на Навални и рече дека западните тврдења дека Путин е одговорен се неприфатливи. Бајден и Путин остануваат длабоко во несогласување околу руската инвазија на Украина пред две години.

Бајден и претходно во јавноста беше фатен како го употребува навредливиот израз „кучкин син“, како што го нарече известувачот на Фокс њуз од Белата куќа во јануари во 2022 година.

Претходна вестПоранешниот претседател Иванов на Светскиот форум за демократија во Берлин
Следна вестИ граѓани и партијци дадоа поддршка на Силјановска – Давкова пред да се каже дека таа е кандидат за претседателската трка