Темен режим Режим на светлина

До кога Триумфалната порта ќе биде опкружена со триумфално започнати, ама незавршени фасади и полурушевини?

До кога Триумфалната порта ќе биде опкружена со триумфално започнати, ама незавршени фасади и полурушевини? До кога Триумфалната порта ќе биде опкружена со триумфално започнати, ама незавршени фасади и полурушевини?

Скопје многу сака да се преставува како убав и среден град. Но, дали е така, особено дали е среден?

Еве туристи ако отидат да ја видат Триумфалната порта што ќе видат? Се чини помалку ќе гледаат кон портата, а повеќе кон двете згради без фасади, што се од левата и десната нејзина страна.
Да, да… полуразрушената надворешност на зградите на ЕСМ и на „Пелагонија” ептен паѓаат во очи. И ова трае со години.

Со години трае и ветувањето на градоначалниците дека фасадите ќе се средат, откако не го добија својот барок стил бидејќи дојдоа нови градски татковци со некаков си друг вкус во архитектурата. Ама ништо од новиот вкус и визии не видовме. Се нешто се прават анализи, се нешто се чекаат некакви судски постапки, се нешто се координираат надлежните институции и приватните фирми, ама работа на фасадите нема, иако мораше да се најде начин работите да се придвижат.

До кога ли ќе трае ваквата површност и спорост? Да може, и Портата би се побунила против ваквата несериозност.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Кога довербата ќе се изгуби – ништо повеќе не е исто

Кога довербата ќе се изгуби - ништо повеќе не е исто

Следна објава
Иранскиот претседател вели дека Иран сака да ја заврши војната, ама бара гаранции

Иранскиот претседател вели дека Иран сака да ја заврши војната, ама бара гаранции