Достојни пензионери: Преку законски измени ќе бараме промена на методологијата на пресметка

Незадоволни од сегашната методологија, и висината на процентот на покачување на пезниите, група незадоволни пензионери, при здружението на сојуз на пензионери, најавуваат законски измени. Предлогот кој го имаат ќе го достават до Законодавниот дом и очекуваат поддршка од пратениците.

Дополнително велат во следниот период можни се и нови собири во Скопје на кој ќе ги искажат своите барања, меѓу кои е и линеарното покачување од 5 000 денари.

-Законот се состои во пресметка на пензиите, сметаме дека навистина е многу ниска оваа пресметка и треба да се направи промена на методологијата. Тука ние сега сакаме да вклучиме и дел од стечајците, група стечајци кои што не примаат пензија, земјоделци…таа точно методологија што ја бараме за пресметка значи понатака, зголемувањето да оди месечно, порамнувањето со потрошувачката и подгревањето на минималната плата и линеарно да се покачува, не да се порамнува, и тогаш ние јазот помеѓу најниската и највисоката ќе го достигнеме, вели Верче Јанческа од Сојуз на здружение на пензионери „Достојни пензионери“

Од 600 до 800 денари следниот месец ќе добијат плус на своите сметки оние со најниски пензии. Околу 40 % од пензионерите живеат со примања од 12.500 до 16 илјади денари. Нешто над 1 000 денари повисока пензија ќе земат оние со примања од 20 до 32 илјади денари. По 2,000 плус на сметка ќе добијат оние чии пензиии се движат од 30 до 50 илјади денари. А пезионерите кои имаат пензии над 54 илјади денари, зависно од висината на пензијата ќе земаат од 3 000 до 3,800 денари плус.

Граѓаните кои ги анкетиравме сметаат дека треба да има измени во методологијата, велат животот станува се поскап.

Претходна вестУапсени 49 лица во полициска акција на солунскиот универзитет
Следна вестУкраина со беспилотни летала нападна области низ Русија, загинаа девојка и работник во рафинеријa