Темен режим Режим на светлина

Едни врати треба да се отворат за културното наследство, ама други треба да се затворат

Портите на музеите и на археолошките локалитети ширум Македонија денеска се отворени за граѓаните. По повод на Меѓународниот ден на културното наследство во нив може бесплатно да се влезе и да се види какви се вредности има изложено.

– Македонската култура и уметност-богатство кое вреди да се погледне, почувствува и чува. Дојдете, посетете и истражете на 18-ти април, напиша во својата покана до граѓаните министерката за култура, Бисера КостадиновскаСтојчевска.

Овој потег е добар. Сигурно, добар дел од граѓаните ќе ја прифатат поканата за да видат какво се богатство има во Македонија. Но, треба воeдно на овој ден и да се запрашаме – го чуваме ли ние доволно културнотo и историско наследство?

Да не треба всушност министерката сосе целата Влада повеќе да размислува за тоа дека всушност вратите до нашето културно наследство се премногу ширум отворени? Впрочем со разни договори и преговори, македонското културно наследство почнува да исчезнува, веќе не е македонско туку на странци.

Треба ли да споменуваме дека има и заедничката меѓудржавна Комисија за историски и образовни прашања…? Тоа се тие „отворени врати“, за да некогаш ни отворат врата во ЕУ.

Треба ли да споменеме и дека археолошкото богатство е под удар и кражби? А најново е дека вредноста на некое археолошки локалните кој евентуално би бил пронајден во текот на изградбата на новите автопшатишта, требало да проценува надзорен орган, а не специјалисти-археолози!? За среќа, таквиот предлог содржан во законите кои треба да се усвојат се повлече и ќе оди на доработка. Но, прашање е што ќе доработат.

Треба ли да споменеме за негрижата за веќе постоечките локалитети, експонати, споменици… од кои некои се доведени и до раб на распаѓање?

Затоа ова со отворањето на музеите е најмалку што може да се направи за Денот на културното наследство? Министерката има многу повеќе да сработи. Ако сака и може… Кај неа (а и во Владата) треба да се клучевите од вратите тоа не би требало нон – стоп да се отворени.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Одраз на судирот во Иран врз македонската економија: Нафта ќе има, но по која цена?

Бензинот БС-95 поскапува за половина денар

Следна објава

Муцунски: СДСМ дезинформира, ДУП за Лисиче предвидува само неколку колективни станбени згради