Темен режим Режим на светлина

Муцунски: СДСМ дезинформира, ДУП за Лисиче предвидува само неколку колективни станбени згради

Кампања на ширење на лажни вести и дезинформации и обиди за затскривање на сопствените скандали се лажните обвинувања на СДСМ за ДУП во населбата Лисиче, оцени денеска Тимчо Муцунски, градоначалнк на Аеродром. На прес-конфренцијата тој рече дека не е вистина дека на таа локација ќе се градат стотици згради како што се тврди.

-Не станува збор за изградба на стотици згради и наводно некакво „бетонирање“. Напротив, станува збор за детален урбанистички план кој подразбира изградба на околу 95 отсто објекти и за индивидуално домување (куќи) и само неколку колективни станбени згради, ДУП кој за прв пат предвидува изградба на нов парк во населбата Лисиче. Ние сме поразлични од нив, ние работиме транспарентно и во согласност со законите. Донесувањето на ДУП за еден дел од населбата Лисиче е процес кој е во фаза на консултација со јавноста, документ чија изработка е иницирана за време на мојот претходник Златко Марин, односно пред моето доаѓање за градоначалник во Општина Аеродром. Тоа се реализира на најтранспарентен начин, во консултација со јавноста и во согласно со законите, објасни тој.

Според него, граѓаните се свесни дека токму владејачката партија која стои зад овие неточни обвинувања, е симбол и школски пример за корупција.

-Сомнеж за коруптивно постапување ќе имаше доколку со овој детален урбанистички план општината предвидеше можност за продажба на земјиште на мојата сопруга по цена од 70 денари/м2 за изградба на фотоволтаици по примерот на премиерот Димитар Ковачевски. Сомнеж за корупција ќе беше доколку во овој ДУП, општината предвидеше маркица за хотел со 5 ѕвездички за мојата мајка, како што тоа го направи – согласно информациите од медиумите, потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев. Веројатно „транспарентност“ на начин како што го прави СДСМ ќе беше доколку документите ги криевме далеку од очите на јавноста, на начин како што СДСМ  и ДУИ го кријат својот криминал. Да биде трагедијата уште поголема, тие бараат одговорност за документ чија изработка е иницирана во период кога со Општина Аеродром и со советот во општина раководат нивните кадри. Прстот на одговорност, несакајќи или без да знаат го вперија токму во кадри кои доаѓаат од нивните редови, потенцираше Муцунски.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Едни врати треба да се отворат за културното наследство, ама други треба да се затворат

Следна објава

Запален автомобилот на заменик директорот на Идризово додека бил во џамија