Ем сиромашни, ем неодговорни: Македонија платила 6,5 милиони евра казна на ЕБОР лани за нереализиран заем

Македонија зела заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и се обврзала дека ќе ја изгради пругата Бељаковци – Крива Паланка, кон Бугарија, ама не ја реализирала обврската и не го повлекла зајмувањето. Заради тоа, лани платила казна со камата на ЕБОР од неверојатни 6,5 милиони евра.

Станува збор за втората од вкупно три делници кои треба да се изградат за железничко поврзување со Бугарија преку Коридор 8.

Ова го потврдува ЈП за железничка инфраструктура, во својот годишен извештај за минатата година, според кој кој повторно влегло во загуба од 5 милиони евра со пресметана амортизација, иако приходите во 2021 биле за 1,5 милиони евра поголеми од годината претходно.

Зошто ова се случило? Кој за ова ќе одговара? Дали сето ова преку новите даноци граѓаните пак ѓе го платат и надополнат?

 

Претходна вестСе заканувале со пиштол и изнудиле од струмичанец 20.000 евра
Следна вестАрсовска: За првпат се формира Собрание на млади на Град Скопје