Тридневна жалост во Црна Гора по масакрот во Цетиње, најмалата жртва имала само 8 години

Трагедија во Црна Гора каква што земјата не памети. Вчера доцна попладне во Цетиње 34-годишен маж убил мајка со две малолетни деца, на 8 и 11 години, кои биле потстанари во неговата куќа, а потоа продолжил да убива надвор пукајќи во случајните минувачи. Усмртил вкупно 10 луѓе, а последниот убиен е самиот тој, од негов сосед кој во одбрана успеал да пука во убиецот и да спречи уште поголем масакр.

Напаѓачот се вика Вук Бориловиќ. Директорот на полициската управа, Зоран Брѓанин потврди дека, според засега познатите информации, Бориловиќ со ловечка пушка пукал во семејство сместено во неговата куќа, а потоа излегол надвор.

-Во таа прилика, со употреба на огнено оружје – ловечка пушка, им ги одзел животите на две деца, едното на возраст од осум, а другото 11 години, а ја повредил нивната мајка, која на повредите им подлегнала во медицинска установа. Потоа излегол и со истото огнено оружје пукал кон жителите на населбата, при што им ги одзел животите на уште седум лица, а ранил шест, вели Брѓанин.

Поради трагедијата што вчера вечер се случи во Цетиње, Владата во Црна Гора прогласи тридневна жалост. Согласно владината одлука, денови на жалост се сабота, недела и понеделник, односно 13, 14 и 15 август 2022 година.

Претходна вестВикендов пониски температури од просекот за ова време, од понеделник враќање на топлото
Следна вестКовачевски за фабриката за електрични возила: Само во првата фаза се предвидени 900 нови работи места