Се заканувале со пиштол и изнудиле од струмичанец 20.000 евра

Привидени лица кои вршеле изнуда користејќи оружје. Имено, од страна на СВР Струмица, заедно со Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во координација со полициски службеници од СВР Скопје, по преземени мерки и активности, од слобода се лишени И.Ј.(40) од Струмица и Ф.С.(36) од Скопје, се сомничат за сторено кривично дело „изнуда“, соопшти полицијата.

Како што се соопштува, на 09.08 2022 лицето А.Т. од Струмица пријавило дека во изминатата година осомничените И.Ј. и Ф.С. во повеќе наврати со вербални закани и со закана со пиштол од него успеале да изнудат околу 20.000 евра.

Од страна на СВР Струмица до ОЈО Струмица против двете лица е поднесена кривична пријава.

Претходна вестСкопска шема: Возат пребрзо, без дозвола, со нерегистрирани возила…
Следна вестЕм сиромашни, ем неодговорни: Македонија платила 6,5 милиони евра казна на ЕБОР лани за нереализиран заем