Темен режим Режим на светлина

Европа ќе се врати на рускиот гас вели министерот за енергетика на Катар

Иако извозот на руски гас во Европа драстично падна по почетокот на војната во Украина, односно воведувањето на бројни пакети санкции за руските производители на енергија и ценовните ограничувања, министерот за енергетика на Катар и директорот на Катар енерџи, Сад Шерид Ел Каби, најавува дека тоа ќе се промени во иднина.

– Европејците денеска велат дека нема шанси да му се вратат на рускиот гас, верувам дека околностите ќе се променат со текот на времето, а Европејците „учат од оваа ситуација. Европејците „учат од оваа ситуација“, рече Ел Каби на Светскиот енергетски форум во Абу Даби.

Европа беше главниот извозен пазар на рускиот енергетски гигант „Гаспром“, а минатата година компанијата забележа пад на извозот во ЕУ и Швајцарија за 55 отсто.

Благата зима ги поштеди европските земји да не мора да ги испразнат резервите на гас, но Ел Каби предупреди дека оваа година резервите ќе биде потешко да се пополнат.

– За среќа, поради потоплото време побарувачката на гас не беше голема. Меѓутоа, прашање е што ќе се случи кога ќе посакаат да се надополнат. Нема да има многу гас до 2025, 26, 27 година, рече катарскиот министер и посочи дека ќе потрае нестабилната состојба на пазарот на гас.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Низа пропусти при спроводот на избеганиот Мемети: директорот не бил известен, не седел во обезбедениот дел од возилото, затворскиот полицаец не носел оружје...

Следна објава

РФМ: Поразите болат, тимот пулсира во единство, одиме на трета среќа