Темен режим Режим на светлина

Горивата поскапуваат од денар до денар и половина

Незначителна корекција на цените на горивата, еуросупер – 95 се намалува, дизелот се зголемува Незначителна корекција на цените на горивата, еуросупер – 95 се намалува, дизелот се зголемува

За еден до еден и пол денар од ноќеска на полноќ поскапуваат горивата, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,53 отсто.

Со одлуката на РКЕ, малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за еден денар за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е В) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапуваат за 1,5 денари за литар.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 77,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за 80, ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е В) за 74,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 74 денари за литар. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,138 денари за килограм и ќе изнесува 42,075 денари.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Ова се највредните светски брендови

Следна објава

Четири деца истепале друго дете на Попова Шапка