Хорот и оркестарот на ОУ „Кузман Јосифовски-Питу“ триумфира на фестивалот во Италија

Хорот и оркестарот на ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“ од Скопје настапи на Интернационалниот фестивал во Ричоне, Италија, под името „Сите бои на уметноста” и го освои првото место. На фестивалот настапија 18 натпреварувачи од Литванија, Шри Ланка, Иран, Хрватска, Израел, Ерменија и Бугарија, во различни категории.

Македонскиот хор и оркестар под менторство на професорката по музичко во ООУ „Кузман Јосифовски – Питу“, Вера Ангеловска, се покажа во право светло и ги освои симпатиите и гласовите на жирито.

Со 31 глас од хористите и 9-те членови на оркестарот, настапот на македонската музичка експедиција ги изнуди аплаузите и овациите од преполната сала во „Palazzo del turismo” во Ричоне, Италија.

Пехарот за 1 -то место ќе остане во трајна сопственост на училиштето, како и оригиналната статуетка од Интернационалниот фестивал, и златните медали на градите на учениците ќе останат да сведочат за овој огромен успех на хорот и оркестарот на ООУ ,,К.Ј. Питу”, како прв и единствен претставник од Македонија на еден ваков светски музички настан, се вели во денешното соопштение. Покрај хорот и оркестарот, на Фестивалот во категорија „вокални солисти”, македонски преставници беа Лана Алексовска (која го освои 2. место) и Ева Балканова (која беше третопласирана). Овие две ученички, се воедно дел и од победничкиот хор.

Претходна вестФФМ доби парична казна за исвиркувањето на бугарската химна
Следна вестКој ќе ѝ пренесе на Данела, дека автобусите не возат?