Темно Режим Светло Режим

И Мицкоски горд на слика со Ковачев, што има заедничко со негаторот на Гоце Делчев, прашува СДСМ

Не е само Гордана Силјановска. Слика со бугарскиот европратеник Андреј Ковачев има и Христијан Мицкоски, соопшти СДСМ.

Андреј Ковачев е познат негатор на македонскиот народ. Јавно порачуваше дека Гоце Делчев е Бугарин, дека Браќата Миладиновци напишаале бугарски народни песни, а не Зборник, дека историјата ни е фалсификувана.

Што има заедничко Мицкоски со Ковачев?

Дали Мицкоски се согласува со изјавата на Ковачев за Зборникот на Браќата Миладиновци?

Сликите кажуваат многу. Бугарското и македонското ВМРО работат на штета на државата, прават сѐ да ја закочат европската перспектива на Македонија, се наведува во соопштението на СДСМ.

Претходниот Пост

СДС си даде автогол, Пендаровски со гордост кажуваше дека добил поддршка од Андреј Ковачев, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Следниот Пост

Конгресот на САД со закон бара Кина да го продаде ТикТок или ќе биде забранет во земјата