Темен режим Режим на светлина

Инвестиција од 4,75 милиони долари за модернизација на царинските услуги

Фалсификувани документи за „Мајбах“ – поднесена кривична пријава Фалсификувани документи за „Мајбах“ – поднесена кривична пријава

Царинската управа денеска ќе го промовира Системот за податочен склад и анализа на ризик, кој е реализиран со финансиска поддршка од Република Кореја во вредност од 4,75 милиони долари.

Системот ќе биде претставен на прес-конференција во просториите на Царинската управа во Скопје, на која ќе се обратат директорот на Царинската управа Бобан Николовски и директорот на Царинскиот сервис на Република Кореја, Ли Мијонг Ку.

Како што информираат од Царинската управа, прес-конференцијата ќе се одржи по завршувањето на состанокот на високо ниво, на кој ќе присуствуваат претставници на државните институции од двете земји.

Новосоздадениот систем има за цел унапредување на анализата на ризици, подобра обработка на податоци и зајакнување на ефикасноста во работењето на царинските служби.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Падна контроверзниот хотел „Трамп“ во Белград: Кушнер ја повлече инвестицијата

Следна објава

Фудбалска лудница на „Олд Трафорд“, 4-4 во меч со неверојатна драма