Исечено дрво старо 300 години, народот револтиран

Властите во Гана започнале потера по луѓето кои го исекле познатото дрво Кола старо 300 години за кое се верувало дека има лековита моќ. Дрвото датирало од Кралството Ашанти, дел од денешна Гана, пишува Би-Би-Си.

Локалните жители велат дека дрвото пораснало на местото каде што познатиот свештеник Комфо Анокје засадил семе од кола во раните 1700-ти. Многу локални жители веруваат дека црно-белите семиња на дрвото Кола можат да излечат болести и клетви.

Жителите на Гана изразија огорченост откако на социјалните мрежи се појавија слики од исеченото дрво во градот Фејасе. Дрвото се наоѓало среде главниот пат што го поврзува трговскиот центар на Гана Кумаси со езерото Босомтве.

Тоа било поштедено за време на изградбата на автопатот поради неговата популарност и станало туристичка атракција за жителите на Гана и за странците. Не е јасно зошто сега било исечено.

Директорот на истражувањето во палатата Манхија, седиште на кралското семејство Ашанти, Осеи-Бонсу Сафо Кантанка, изјави за Би-Би-Си дека местото на дрвото било значајно во историјата на Кралството Ашанти. Во битката кај Фејасе, народот Ашанти се борел за својата независност против моќното кралство Денкира. Кантанка вели дека локацијата на дрвото „било на истото место каде што луѓето од Денкира биле поразени од Ашантите“.

Комфо Анокје бил моќен свештеник – личност за која се верувало дека дејствувал како посредник помеѓу духот и живиот свет. Традицијата вели дека тој закопал меч во земјата, кој останал цврсто на своето место и никогаш нема да се отстрани, во просториите на болницата во Кумаси што го носи неговото име. Присуството на дрвото било постојано потсетување на неговите подвизи.

Претходна вестЗа осум години 250 илјади албански граѓани ја напуштиле државата, секој ден околу сто
Следна вестВМРО-ДПМНЕ: Власта ќе се задолжи со нови 500 милиони евра, долгот ќе достигне 8,5 милијарди