Дигиталниот номадски начин на живот зема се поголем замав. Па така компанијата „Remitly“ која пружа финансиски услуги, претставила листа од градови ширум светот во кои луѓето сонуваат да се преселат (според пребарувањата на Гугл).
Истражувајќи го обемот на пребарување на изразот „move to (city)“ на Гугл, компанијата составила листа и прогласила еден град најпопуларен за оние кои сакаат да се преселат.
Најпосакуваната дестинација за преселување во светот е Дубаи. Главниот град на Обединетите Арапски Емирати е најголемиот град во земјата и познат е по шопингот, ултрамодерните згради и сонцето во текот на целата година.
Мајами е на второто место, а оваа популарна дестинација за одмор на Флорида е најпозната по својата комбинација на хоризонтот и плажите и ноќниот живот. На третото место е Париз.
Листата на градови во кои луѓето најмногу сакаат да се преселат:
1. Дубаи;
2. Мајами;
3. Париз;
4. Њујорк;
5. Мадрид;
6. Сингапур;
7. Лондон;
8. Брисел;
9. Торонто;
10. Вашингтон, Буенос Аирес, Богота, Портланд, Виена, Феникс, Чикаго.