Темен режим Режим на светлина

Италијански државјанин со лажен ПЦР-тест сакал да се качи на авион во Скопје

Италијански државјанин бил фатен на скопскиот аеродром со лажен негативен ПЦР тест, во обид да ја напушти земјава.

Според информациите, тој на 23 април, при проверка на граничниот премин на Меѓународниот аеродром Скопје, употребил лажна исправа-фалсификуван ПЦР тест за ковид.

Иако знаел дека не се тестирал во наведената лабораторија и дека таков сертификат не е издаден на негово име, тој го употребил документот како вистинит со намера да отпатува од земјава.​

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Опаѓа бројот на заразени, но не и на починати - 37 за 24 часа

Следна објава

Вработените во институциите имаат предност за вакцинирање пред лицата со ретки болести