Казнети 124 возачи во Центар и Илинден, 17 од нив возеле пијани

Министерството за внатрешни работи информира дека во текот на вчерашниот ден (30.01) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На териториите на Општина Центар и Општина Илинден изречени се вкупно 124 мерки, од кои 11 за брзо возење, 20 за возење без возачка дозвола, 4 за нерегистрирани возила, 17 за возење под дејство на алкохол и 6 за минување на затворен семафор (црвено светло).

Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.

Претходна вестВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се откаже од фалсификат попис, излезно решение е електронскиот попис
Следна вест428 казни за неносење заштитна маска