Казни за 620 лица, не носеле маски

Вкупно 620 граѓани направиле прекршок со ненеосење на заштитни маски во текот на изминатово деноноќие, соопшти денеска МВР. Тие ќе треба да платат казна од 20 евра во денерска противвредност.

-Во текот на изминатото деноноќие на територијата на земјава на 324 лица им се издадени решенија за изолација, а 88 лица потпишале изјави за самоизолација. Од страна на полициски службеници извршени се  контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што констатирано е дека едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација, се наведува во соопштението.

Претходна вестПочна Петровденскиот пост, еден од четирите повеќедневни пости
Следна вестКривичен суд: Пресудата за убиството на младинецот во Н. Лисиче е донесена во непристрасна постапка