Темен режим Режим на светлина

Казни за пет локали во Битола поради прегласна музика

Полицијата синоќа извршила контроли во угостителски објекти на подрачјето на Битола, пришто воочила дека пет локали го нарушиле јавниот ред и мир со прегласна музика.

Јачината на бучавата била мерена со фонометар, информираа од полицијата, а петте објекти за кои било констатирано дека ја надминуваат дозволената јачина, односно го нарушуваат јавниот ред и мир, ќе се соочат со законски предвидените поднесоци.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Сообраќајка кај Струга, тешко повредени две лица меѓу кои и дете

Следна објава

Уништени жита, лозја и возила – силно невреме го зафати Лозово