ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесува интерпелација за Талат Џафери

Поднесување на интерпелацијата за претседателот на Собранието Талат Џафери за денеска најави пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“.

Дафина Стојаноска, членка на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ вчера изјави дека откако Џафери е избран за претседател на Собранието, сѐ почесто сме сведоци на скандали во неговото работење.

-Последен во низата беше скандалот кога пратениците на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ беа заклучени во салата во која се одржуваше пленарната седница. Во храмот на македонската демократија во македонското собрание на опозициските пратеници им беше ускратено загарантираното право на слобода и движење, рече Стојаноска.

Поддршка на интерпелацијата веќе ја најавија пратениците од Левица и од Беса кои сметаат дека Џафери нема „кредибилитет за да ја врши својата должност“.се предвремениоте парламентарни избори. Опозициската Алијанса за Албанците за денеска најави конференција за медиумите.

Пратениците на владеачката партија СДСМ сметаат дека сето ова е вештачко предизвикување на скандали. Со нив се согласни и од ЛДП кои велат дека е ова непотребен дефокус од реалните проблеми. ДС и ДОМ засега не се изјаснуваат за иницијативата.

Од кабинетот на Џафери велат дека тој не го прекршил Деловникот со образложение дека Деловникот дозволува можност за затворање на вратите на салата, на барање на претседателот на Собранието или на еден пратеник, поддржан од најмалку десет пратеници.

Џафери ќе има рок од 15 дена од доставувањето на интерпелација да достави одговор, по што оваа точка треба да биде ставена на дневен ред пред пратениците 15 дена подоцна. Расправата трае еден работен ден, се до исцрпување на листата пријавени пратеници за збор, а најдоцна до полноќ.

Претходна вестВикендот ги разузда возачите, 36 биле пијани, 23 возеле без дозвола…
Следна вестГори поранешен тетовски Монопол