Пак по старо: Нова улица, нови езерца во Аеродром

Секој малку посилен дожд во Скопје прави проблеми со поплавени сообраќајници. Всушност проблемите најчесто се кај слабите градители на улиците, ама ете така си велиме ние скопјани – дождот не поплави.

Чаре? Треба да се поправат критичните места и барем новите улици да се прават како што треба за да нема поплави.

Арно ама вчерашниот обилен дожд што го зафати градот ги откри и сите маани коишто ги има на новите улици. Таков е примерот со улицата „Васил Карангелески“ во скопски Аеродром чијашто реконструкција е во тек. Дождот за кусо време ја поплави улицата и се направија езерца од двете страни. Водата се насобра на делот од улицата којшто е веќе (пред 2-3 недели) реконструиран и на кој е поставен финален слој на асфалт. 

Значи, не треба да се бара мааната кај дождот, тој овој пат дури и помогна градителите, а и градоначалникот да видат дека нешто не е во ред и тоа да се поправи додека се уште се работи на улицата.

Ќе видат ли? 

Претходна вестГори поранешен тетовски Монопол
Следна вестМајмунските сипаници се умерен ризик за јавното здравје