Пендаровски: Предвремени избори може да направиме и утре, но што би решиле тие

За првиот политичар на Македонија, Стево Пендаровски, предвремени избори нема да решат ништо во државата.

-Избори може да направиме и утре, но што би решиле тие во однос на кризите со кои се соочуваме, оцени претседателот во емисијата „Утрински Брифинг“.

Тој се сомнева дека со предвремени избори би имало деблокада на евроинтеграциите или промени во делот на цените на енергија и храна.

–  Високите цени на енергенсите, храната и инфлацијата не е само домашен производ. Енергетската криза почна шест-седум месеци пред војната во Украина. На кој начин нова влада тука ќе има влијание на глобалните пазари на животни продукти, вели Пендаровски.

Според Пендаровски, факт е дека „конструкцијата на бугарската политичка сцена“ во моментов е таква што отежнува да се постигне договор.

–  Перспективата за ЕУ во догледно време за жал е завршена. Шансите се се помали и помали. Не можам да кажам дека се завршени. Не можам да кажам, граѓани од утре одиме на сосема друга стратешка перспектива, бидејќи друга подобра не гледам, но мора да ги менаџираме тие очекувања кои беа нереално високи изминативе година-две, изјави Пендаровски.

Претходна вестДобро е: Летаат министрите Османи и Маричиќ на сите страни
Следна вестБалабаноски: Пукавме 257 пати врз градоносните облаци во Пелагонија, но авионите не можеа да полетат кон Лозово