Викендот ги разузда возачите, 36 биле пијани, 23 возеле без дозвола…

На територија на град Скопје вчера се изречени вкупно 131 мерка, меѓу кои и 36 санкции за возење под дејство на алкохол, соопшти денеска МВР за вчерашните контроли на скопските сообраќајници.

Имало и 22 санкции за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции како и 23 мерки за возење без возачка дозвола.

-Изречени се и 7 мерки за користење мобилен телефон, 11 мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, три мерки за некористење на сигурносен, седум санкции за возач почетник…, се наведува во информацијата.

Засилените акциски контроли продолжуваат.

-Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, потенцираат од МВР.

Претходна вестПо паѓањето на потпорниот ѕид во Пинтија на проверка сите заштитни градби
Следна вестВМРО-ДПМНЕ денеска поднесува интерпелација за Талат Џафери