Ќе казнат ли некогаш скопски пироман што лечи фрустрации врз контејнер?

Во Скопје има многу насилници и фрустрирани лица кои своите проблеми ги решаваат со уништување на општествен имот. Честа мета им се и контејнерите. Палат, кршат… и тоа полека им станува како хоби, оти видоа дека никој не ги открива и санкционира.

Во меѓувреме останатиот дел од скопјани – оние чесните – плаќаат дебели пари за да се надокнади уништеното. Еве на пример за годинава се предвидени околу 820.000 евра со кои ќе може да се набавуваат нови контејнери. За ова договор веќе потпишало јавното градско претпријатие „Комунална хигиена“.

Колку од овие големи средства ќе можеа да се потрошат за други потреби ако низ Скопје не царуваа пиромани и вандали? Да, факт е дека со времето некои од контејнерите ќе се оштетат и од самото користење, но јасно е дека тука се работи за друг проблем.

-Не ми е јасно како до сега никој не е казнет за вандализмот низ Скопје. Се искршија, лоши луѓе на сите стар, ама никого не стигна заслужена казна, затоа и се осилија, коментира една скопјанка.

Инаку за потсетување, пред четири години тогашниот градоначалник Петре Шилегов, направи големата набавка на комунална опрема за градот, за која беа потрошени околу 1,5 милион евра пари на скопјани. Беа набавени 540 нови контејнери со капацитет од 3.200 литри и со кои требаше д абидат заменети над 1.800 од вкупно 4.500 стари контејенри бидејќи новите имаа за трипати поголем капацитет. Тогаш се набавија и нови возила, нови 950 корпи, нови 12 електрични машини за вакуумско чистење…

На таа набавка се израдуваа скопјани. Ама, се израдуваа и вандалите…

До кога ќе биде така? Нели има дебело платени инспекции, полиција…? Факт е дека тешко е да затекнеш пироман на дело, ама па не е нормално со години да нема некој да е казнет…

Претходна вестАктивни два пожара на отворено, на Китка и кај Булачани
Следна вестБред Пит конечно е среќен со 26 години помладата Инес