Комисијата за заразни болести на денешниот состанок препорача укинување на сите рестриктивни мерки за справување со Ковид-19. Исклучок од ова е само задолжителното носење маски во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица.
-Апелираме апелира граѓаните да ги почитуваат препораките за лична заштита и хигиена, како што се често миење на рацете, дезинфекција и одржување дистанца. Вакцинацијата и понатаму останува најдобра и најефикасна мерка за заштита на здравјето на населението, соопштија од Комисијата.
Комисијата за заразни болести на дневна основа ја следи состојбата со Ковид-19 и доколку има потреба, ќе бидат препорачани нови мерки.
МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:




