На територија на град Скопје вчера изречени се вкупно 379 санкции на возачите кои што не ги почитувале сообраќајните правила и прописи, соопшти денеска МВР.
-Санкции се однесуваат на возење без возачка дозвола – 17 лица, пречекорување на дозволената брзина на движење 101 прекршоци, нерегистрирани и технички неисправни возила 32, 41 санкционирани мотоциклисти, 66 мерки за непрописно паркирани возила и 68 возила подигнати со пајак, соопшти полицијата.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот, потенцира МВР.
Скопјани пак, на социјалните мрежи апелираат полицијата да биде поприсутна на улиците и конечно да го намали сообраќајното дивеење на недсовесните возачи кои ги има многу во Скопје.