Темно Режим Светло Режим

Концерт и балетска претстава под маски „Болеро“ во петок во МОБ

Во петок, на 22 јануари, со почеток во 20 часот ќе се одржи гала оперски концерт односно балетска претстава насловена како „Болеро“ на Морис Равел во кореографија на Саша Евтимова. Во рамки на концертот настапуваат солисти и оркестарот на МОБ под диригентската палка на Бисера Чадловска.

Балетскиот дел од претставата е направен според препораките на Комисијата за заразни болести. Тоа е балет под маски, без допир и на дистанца.

-Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата Ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење на заштитна маска.
Ве молиме, почитувајте ги мерките за заштита, апелираат од МОБ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходниот Пост

Камперите околу Треска пак на протест во вторник: Зошто општина Сарај не одлучуваше заедно со нас?

Следниот Пост

Времето денеска сончево и студено