Темен режим Режим на светлина

Кремљ објави под кои услови Путин би се сретнал со Зеленски

Кремљ објави под кои услови Путин би се сретнал со Зеленски Кремљ објави под кои услови Путин би се сретнал со Зеленски

Рускиот претседател Владимир Путин може да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски само со цел финализирање на договор за конфликтот, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесоа руските медиуми.

Песков посочи дека клучно прашање е целта на таквата средба, нагласувајќи дека Путин е подготвен за разговори, но дека тие имаат смисла само доколку доведат до конкретен резултат. Тој додаде дека секоја ваква средба бара внимателна подготовка и политичка волја од украинска страна, за која, според него, во моментов нема доволно индикации.

Во меѓувреме, Украина побара од Турција да биде домаќин на средба меѓу двајцата лидери, со цел оживување на заглавените мировни преговори. Песков истакна дека Русија е подготвена за нови разговори, дури и „веќе утре“, вклучително и со американски преговарачи. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пак, понуди посредување и изрази подготвеност да помогне во обновување на дијалогот меѓу Москва и Киев.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава
Пезешкијан: САД се бескрајно лицемерни, нивната поморска блокада е главна пречка за вистински преговори

Пезешкијан: САД се бескрајно лицемерни, нивната поморска блокада е главна пречка за вистински преговори

Следна објава
Алијансата ја засилува одбраната на Турција по ракетните закани од Иран

Шпанската крајна левица побара референдум за излегување од НАТО