Темен режим Режим на светлина

Лајка за шест месеци заловила 399 кучиња во Скопје

Тензии околу „Лајка“: Разрешена директорката, има силни реакции Тензии околу „Лајка“: Разрешена директорката, има силни реакции

Од почетокот на отварањето во октомври минатата година до денес заловени се 399 кучиња на градското подрачје, информира денеска Јавното претпријатие Лајка по повод шест месеци од работата. Во информацијата до јавноста се наведува дека е направен значаен исчекор во хуманиот третман и благосостојбата на бездомните кучиња од улиците на град Скопје.

-До сега има 399 – заловени кучиња, 223 – вратени на локација, 184 – стерилизации, 160 – кастрирани, 74 – вдомени, 20 – вратени на сопствениците, 3 – еутанизирани и 2 – угинати. Со намалување на нивната популација и градење култура за вдомување, преку подигнување на свеста за одговорно сопствеништво и низа кампањи, успешно ја остваруваме нашата мисија, наведуваат од Лајка.

Тие ги повикуваат сите граѓани да им се придружат и заедно да го решат проблемот со бездомните кучиња, а сликите на искасани и нападнати граѓани да бидат минато.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Од четврто до деветто одделение и во средно ќе се учи од електронски книги

Следна објава

Обвинение за 11 лица кои издаваа пасоши со украден идентитет