Темен режим Режим на светлина

Од четврто до деветто одделение и во средно ќе се учи од електронски книги

Учениците  од прво до трето одделение ќе учат од хартиени учебници, а оние од четврто до деветто оделение и во средните училишта од електронски, предвидено е во измените на Законот за учебници кои Владата вчера ги усвои.

Измените се однесуваат на постапката за набавка на учебници кои според Владата треба да обезбедат транспарентност на постапките, се поставуваат механизми за контрола на содржината за да се спречат дискриминирачки содржини и се обезбедува дигитализација и пристап на учебници за лицата со оштетен вид.

Сега само 40 отсто од сите учебници се достапни во електронска верзија, а ситуацијата со ковид го забрза овој процес, односно, Царовска смета дека сега е време да се исправи грешката што ваквата опција досега не била ставен во досегашните договори за набавка.

Поради константнипт проблем со недостаток на учебници, лани пред почетокот на школската година министерката за образование Мила Царовска најави дека при секоја следна набавка на учебници и лектири кои се користат во образовниот процес, во договорите ќе се вметне и клаузулата за електронско издание кое ќе им биде достапно на учениците.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Се намалува бројот на новозаразени, но бројката на починати и денеска над 30

Следна објава
Тензии околу „Лајка“: Разрешена директорката, има силни реакции

Лајка за шест месеци заловила 399 кучиња во Скопје