Темен режим Режим на светлина

Мицкоски во Брисел: Учество на Самитот ЕУ – Западен Балкан

Премиерот Мицкоски ќе се обрати на настан во Карпош Премиерот Мицкоски ќе се обрати на настан во Карпош

Премиерот Христијан Мицкоски од денеска престојува во работна посета на Брисел, каде што утре ќе учествува на Самитот ЕУ – Западен Балкан.

Во рамки на посетата, според најавите, премиерот Мицкоски и членовите на владината делегација вечерва ќе присуствуваат на настанот со наслов „Здравица за добрите соседи: Еве колку се добри Западните Балканци…“. Настанот се одржува под покровителство на еврокомесарката за проширување Марта Кос, а го организираат амбасадорите на земјите од Западниот Балкан во Брисел.

Како што се наведува во официјалната најава, станува збор за уникатен настан посветен на чествување на културното богатство, разновидноста и европската перспектива на Западниот Балкан, со посебен акцент на една од најсимболичните регионални традиции – уметноста на производство на вино.

„Обединувањето на Европа може да се темели единствено на споделени вредности, поттикнати од поединци инспирирани од заедничка култура и историја. Овој симболичен собир има за цел да ги одбележи овие врски во средина што поттикнува дијалог, пријателство и меѓусебно разбирање“, се истакнува во најавата на настанот.

Присутните ќе имаат можност да дегустираат препознатливи вина од секоја од земјите од Западниот Балкан, да се запознаат со нивните производители и да ја доживеат разновидноста на регионот во неформална и пријателска атмосфера.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Претходна објава

Каролина, Тамара и 2 Бона ќе ја забавуваат публиката за Нова година во Скопје

Следна објава

Падна контроверзниот хотел „Трамп“ во Белград: Кушнер ја повлече инвестицијата