Скопје ќе биде зелен град – ветуваше претходниот градоначалник. Колку во тоа успеа – видовме, а и тој виде на изборите што за тоа мислат скопјани.
Сега на потег е градоначалничката Данела Арсовска. На Скопје му значи секое дрво и треба да го има на секое слободно место.
А за почеток нека се тргне од главниот плоштад. На централниот скопски плоштад „Македонија“ веќе со месеци и месеци стојат исушени три стебла во двата дрвореди посадени во време на последната реконструкција на оваа јавна површина. Едното исушено стебло е на почетокот на дрворедот кај поранешната Стоковна куќа, а две други на почетокот на алејата на спротивната страна.
Што треба да се случи за да овие исушени стебла бидат заменети со нови? Да се распише меѓународен конкурс или слично нешто? Или можеби се очекува оваа пролет исушените дрвја да расцветаат?



