МВР: Лица со двојни матични броеви има од 1981 година – во тек е корекција

Проблемот со двојните матични броеви датира од 1981 година и веднаш по неговото откривањето почнато е нивно поништување. Таа постапка веќе подолг период е во тек, при што голем дел од овие матични броеви се поништени, соопшти попладнево Министерството за внатрешни работи.

Тоа е реакција на денешниот брифинг во ВМРО-ДПМНЕ за кој известија одредени медиуми кои биле повикани, на кој било кажано дека има 20.000 лица со двојни матични броеви нарелувајќи го случајот „Мафија 2“, или продолжение на аферата со издавањето пасоши со украден идентитет.

До овие податоци од опозицуската партија дошле со проверка во Избирачкиот список при што исто лице е регистрирано еднаш со неговото вистинско име, вистинска адреса, а вториот пат е регистрирано како друго лице, во друга општина, што според ВМРО-ДПМНЕ е класична злоупотреба на институциите и тежок криминал, пред сè за гласање на избори.

Од МВР велат дека обвинувањата се неосновани и неаргументирани, бидејќи МВР располага со евиденциите.

Од МВР, во денешното појаснување, посочуваат дека Одделот за граѓански работи во делокругот на своите надлежности има законска обврска да определува и поништува матичен број на граѓани на Северна Македониј,а според Законот за матичен број.

-Матичен број на граѓанин, според постоечкиот закон, се определува според местото на запишување на граѓанинот во матичната книга на родени. Според Законот за единствен матичен број на граѓаните од 1980 година, кога за прв пат е уредено определувањето на  матичниот број, евидентирањето на матичниот број се определувал според живеалиштето на граѓаните, а само за новородените деца според местото на раѓање, а во земјава биле утврдени девет регистрациони подрачја, соопштија од МВР.

Од Министерството посочуваат дека определувањето и запишувањето на матичниот број на ваков начин траело од 01.01.1981 до 31.12.1985 година, а како причина се наведуваат направените грешки при определувањето и запишувањето на матичните броеви што довело до определување на дупли матични броеви за едно исто лице. Покрај ова дупли матични броеви се определувале и подоцна  како резултат на нецелосни проверки од страна на вработените во управните служби, како и технички пропусти на постоечкиот Систем за автоматска обработка на податоците.

Претходна вестОд утре дожд, во сабота и понеделник ќе бидат поројни
Следна вестЗошто во Македонија не се направи посериозна анализа за високата смртност од ковид 19?