Наградата „Живко Чинго“ за расказот „Зошто роботите не умеат да љубат“

Тричлената комисија за наградата „Живко Чинго“, која се доделува на традиционалната „Вечер на Живко Чинго“, одлучи дека расказот „Зошто роботите не умеат да љубат“ под шифра „Сина планета 369“ е годинашниот победник. Тој според комисијата во состав Димитар Пандев – претседател и Славе Ѓорѓо Димоски и Перчо Божиноски – членови, по разгледувањето на пристигнатите 56 раскази, го издвоила како најдобар.

– И покрај тоа што повеќето од пристигнатите раскази не задоволуваа одредени расказни критериуми, еден дел од нив се издвоија со високи уметнички вредности, а пет влегоа во најтесниот избор. По повеќе дискусии, Комисијата едногласно одлучи годишната награда „Живко Чинго“ да му припадне на расказот „Зошто роботите не умеат да љубат“ под шифра „Сина планета 369“ – стои во образложението на жири-комисијата.

Расказот „Зошто роботите не умеат да љубат“ се издвоил со високата уметничка нарација, структурата и со тематската иновативност.

 

Претходна вестГолготата со сомнителниот случај заврши: Нема мајмунски сипаници мажот од Кичево
Следна вестВикендов пониски температури од просекот за ова време, од понеделник враќање на топлото