На 12 и 13 јануари со почеток во 20 часот се одржува традиционалниот концерт по повод празникот Василица во МОБ. Овогодишниот концерт на НОБ е насловен „Најголемите хитови“, односно направен е избор од најдобрите хитови од досегашните василичарски концерти со симфониски аранжмани.
На репертоарот се светски и македонски хитови во изведба на оперски и поп солисти, придружувани од оркестарот на Националната опера и балет под диригентската палка на Бисера Чадловска.
Настанот ќе се одржи според протколите предвидени за одржување на настани во затворен простор, при што ќе биде задолжително носење на заштитна маска. Билетите се достапни на билетарницата и на веб-страната на Националната опера и балет.