Најновото ЦД на Симон Трчески за „Сандеј Тајмс“ е „вонсериско издание“

Еминентниот „Сандеј Тајмс“ го оценува новото издание на Симон Трпчески како „вонсериско издание“. Под продукција на британската куќа „Лин Рекордс“, од денеска официјално излегува најновиот компакт-диск на македонскиот пијанист, кој заедно со Јаначек филхармонискиот оркестар од Острава, Чешка и прославениот диригент Кристијан Мачелару од Романија, изведуваат програма со дела од Шостакович.

– Станува збор за еден производ од оваа пандемија што јас го иницирав за да бидам продуктивен кога веќе немав концерти. Заедно со „Лин Рекордс“, Јаначек филхармонискиот оркестар од Острава и романскиот диригент Кристијан Мачелару, кој е шеф-диригент на Националниот оркестар на Франција, како и првиот трубач на овој оркестар – Андреј Кавалински од Белорусија, на моја иницијатива успеавме да организираме снимање на двата пијано концерти на Дмитри Шостакович, како и на Второто трио за виолина, виолончело и пијано, со моите драги колеги од проектот МАКЕДОНИСИМО – Александар Краповски и Александар Сомов. Овој избор е еден опис на различните творечки периоди од животот на Шостакович, а кои сведочат за неговата креативност и оригиналност. Мило ми е што уште и пред официјалното денешно излегување пред пошироката публика ова ЦД доби прекрасни критики, вели Трпчески во изјавата за Македонското радио.

Претходна вестВластите држат лекции за воздухот, а скопјани се среќни само ако дувне ветер
Следна вестВкупно вакцинирани нешто над 230.000 лица, целосно околу 60.000