Бројни санкции заради разни прекршоци вчерс им изрекла полицијата на возачите кои управуваат со автобуси за превоз на ученици во земјава.
МВР соопшти дека во текот на вчерашниот ден во периодот од 12.00 до 16.00 часот на територијата на Македонија спроведена е акциска контрола на возила што вршат јавен превоз на ученици, за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома.
-При контролата констатирани се 65 сообраќајни прекршоци, при што три возила се исклучени од сообраќај поради истечена регистрација. Упатени на вонреден технички преглед се 21 возило, соопшти полицијата.
Сообраќајните контроли за зголемување на безбедноста на учениците од дома до училиште и од училиште кон дома продолжуваат и во наредните денови.
-Апелираме до сите да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи и на тој начин сите заеднички да придонесеме да се зголеми безбедноста на децата и на сите нас, укажуваат од МВР.



